Privacy Policy

Basic data about the company

Име: Друштво ЕКО ВЕНТ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово
Адреса: Ул. ИЛИНДЕНСКА Бр.179 ТЕТОВО
Дејност Поставувањ е на инсталации за вод овод , канализација и плин и
инсталации за греењ е и клима-уреди
Mатичен број::  6949401
Даночен број::  4028014523533

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА Е-ПРОДАВНИЦА

Ве молиме прочитајте ги внимателно Условите и Правилата пред да ги користите сервисите за нарачка или плаќање преку веб страната www.ecovent.com.mk. Ако не се сложувате со нашите услови и правила, Ве молиме да не ги користите овие сервиси за нарачка и плаќање на нашите продукти, добивање на новости, актуелни попусти и привилегија на наш лојален потрошувач кој би добивал подароци и купони за дополнителни попусти. Ви препорачуваме повремено да ја проверувате страната за одредени промени и да отворите кориснички профил како би биле известувани за сите наши акции и активности.

www.ecovent.com.mk исто така е интернет страна која е од информативен карактер за производите, услугите и активностите кој ги нуди Еко Вент Дооел Тетово и нејзините партнери.

Еко Вент го задржува правото на промена и на дополнување на Условите и Правилата за користење на сервисите на веб страната www.ecovent.com.mk. Сите веќе постоечки корисници кој веќе имаат свој кориснички профил на страната и се согласиле со старите услови ќе бидат информирани за промените на својата E-mail адреса.

КОРИСТЕЊЕ

www.ecovent.com.mk може да се користи како информативна веб страна и можност да купите и нарачате од Daikin производите, а во согласност со овде наведените услови и правила. Секој корисник кој има отворено Кориснички Профил на веб страната на Еко Вент има можност во секое време да го избрише својот Кориснички Профил и да се откаже од сервисите кој ги нуди веб страната. Со користњето на сервисот за нарачка или плаќање на www.ecovent.com.mk се обврзувате да ги почитувате и се согласите со следниве услови и правила.

УСЛОВИ

Условите за нарачка и купувањe на производи преку интернет продавницата на www.ecovent.com.mk се дефинирани со следниве параметри:

  • Лицето кое ја прави нарачката или плаќањето на продуктот преку интернет продавницата на Еко Вент задолжително да има наполнето 16 години.
  • Нарачка (која се утврдува и е валидна само по плаќање на целосната сума од про-фактурата),
  • On-line плаќање
  • Подготовка,
  • Испорака,
  • Рекламација– која се прави преку телефон, e-mail , преку Формата за Рекламација на производ  или во некој од продажните салони на Еко Вент.

Испорачателот на производите Еко Вент Дооел Тетово преку својата интернет продавница овозможува нарачка (која се утврдува и е валидна само по плаќање на целосната сума од про-фактурата) и on-line плаќање , на производи кои се наоѓаат во неговата понуда, и го задржува правото да производите кои не се на залиха ,ги достави најдоцна до 45 дена од уплатата. Сите цени се изразени во македонската национална валута – денари со вклучен ДДВ.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

Корисник на www.ecovent.com.mk може да биде секое физичко лице над 16 години или правно лице регистрирано во Република Македонија. При самата регистрација како Корисник, корисникот креира профил и потврдува доколку е физичко лице дека има наполнети 16 години, информациите кои ги обезбедува при регистрацијата како Име и Презиме, е-маил адреса и сл. се валидни.

При регистрација на правно лице како купувач и креирање на профил, правното лице – купувач, потврдува дека: легално е регистрирано и постои согласно законите на матичната земја, информациите кои ги има обезбедено при регистрацијата  и  се однесуваат на називот на правното лице и емаил адресата се валидни во времето на регистрација и за време на процесот на нарачка и купување на производи преку www.ecovent.com.mk.  Со самата регистрација како корисник, корисникот потврдува дека се согласува со сите услови за користење.

При регистрацијата Корисникот потврдува дека е согласен да добива електронски пораки на е-маил со промотивни содржини од страна на www.ecovent.com.mk  и неговите партнери. Понатака, доколку купувачот не сака да ги добива овие пораки на својот е-маил ќе му биде дадена можност да ја откаже оваа опција.

СИГУРНОСТ

При самата регистрација во нашите интернет продавници должни сте да креирате корисничко име и лозинка која треба да ја зачувате само за себе и да не ја давате на други лица. Одговорни сте за сите акции и нарачки кои се нарачани со вашето име и лозинка. Ако знаете или ако ce сoмневате дека уште некој друг ја знае Вашата лозинка, должни сте да не известите за тоа во нашиот Контакт центар на тел. 044 33 50 51, моб: 071 366 017 или писмено преку e-mail: info@ecovent.com.mk  или sales@ecovent.com.mk. Доколку постои било каква сомнителност за некаков пропуст во сигурноста Еко Вент Дооел има право од Вас да бара да ја промените лозинката или може да го блокира или избрише Вашиот кориснички профил.

НАРАЧКА

Производите се нарачуваат по електронски пат:

  • Со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошница. Производите се сметаат за нарачани во моментот кога корисникот ќе добие e-mail со нарачката и про-фактура во PDF формат. Оваа про-фактура е валидна 3 дена од денот на издавање, доколку не биде платена во овие 3 дена нарачката ќе се смета за откажана. 
  • On-line плаќање со кредитна или дебитна картичка. По извршената уплата, Еко Вент Дооел се обврзува да ги испорача во рок од 2-7 работни дена, сите нарачани производи кои за време на нарачката ги има на залиха или до максимум 45 дена ако производот го немаме на залиха.

 Е-ПРОДАВНИЦА- опис на купување

1. Отворете КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ ако прв пат купувате (Препорачано но незадолжително), ако веќе имате отворено Кориснички Профил во нашата продавница само најавете се.

  1. Го бирате производот кој сакате да го купите притискате на :  ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ –>
  2. Одбирате модел,  боја и  јачина на моделот изразена во KW –>
  3. Избирате дали сакате или не, производот да биде монтиран од стручниот тим на Еко Вент –>
  4. Притискате ВО КОШНИЦА–>
  5. Следен е чекорот за проверка на тоа што нарачувате и колку би ве чинело тоа вкупно–>
  6. Следно Кликенете на ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПЛАЌАЊЕ.
  7. Откако сте кликнале ПРОДОЛЖЕТЕ СО ПЛАЌАЊЕ, се отвара страна која ќе ги побара да ги внесете вашите лични податоци за да се реализира нарачката (со добивање на профактура на вашата e-mail адреса) /
  8. Откако ќе ја потврдите нарачката на ПРОДОЛЖЕТЕ СО НАРАЧКАТА, вашата нарачка во форма на E-mail и про-фктура во PDF формат ќе Ви биде испратена на вашата e-mail адреса. 
  9. Доколку Еко Вент Дооел не е во можност да испорача било кој од нарачаните производи, има должност да го контактира корисникот телефонски или преку e-mail.

ЦЕНИ

Цените на производите се со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ). Постои можност да се одбере цена на уредот со монтажа (која дополнително се наплатува)  и цена безмонтажа.

Препорачливо е да се избере можноста со монтажа, каде што инсталатерските екипи овластени од Еко Вент Дооел, ќе ја направат испораката и монтажата на уредот професионално, а важноста на гаранцијата e од 36 месеци и ќе биде безусловна.

Во спротивно доколку се одбере производ (без монтажа) само со испорака, службата за испорака со која Еко Вент има склучено договор ќе направи бесплатна испорака до посочената адреса.

Цените на производите не се менуваат во времето помеѓу нарачка и приемот на производот. Вие ја плаќате цената што може да се види на производ во времето на нарачка на производот.

ПОДГОТОВКА НА НАРАЧКАТА

Сите порачани производи ќе бидат спакувани во сооодветна амбалажа спакувана од производителот, за да истите не бидат оштетени за време на транспортот. Купувачот е должен при превземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се превзема никаква одговорности по однос на рекламацијата за испорака на производите. Доколку прозводот е купен со вклучена монтажа, тогаш купувачот заедно со инсталатерот е должен да го проверат уредот за неговата исправност пред да се пристапи кон инсталирање на истиот.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Еко Вент Дооел ви овозможува да го платите одбраниот производ со:

  • со платежните картички VISA, MasterCard и Maestro или
  • вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство.

Вирманско плаќање со општа уплатница или со интернет банкарство:

Кога вашиот избор на плаќање е преку интернет банкарство, на вашата еmail адреса ќе добиете фактура со сите потребни информации за плаќањето, вклучувајќи го и бројот на сметката на која што треба да се уплати сумата од нарачката. Оваа профактура е валидна 3 дена од денот на издавање. Потоа можете да ја извршите уплатата преку интернет банкарството доделено од вашата банка или на редовниот начинот со уплатница во најблиската банка или пошта. По приемот на уплатата, ние ќе ви ги испратиме нарачаните производи на наведената адресата за испорака или доколку сте уплатиле производ со вклучена монтажа, нашите монтерски екипи ќе ви ја достават порачаната пратка.

ИСПОРАКА НА КУПЕН ПРОИЗВОД

Цената на испораката е бесплатна за целата територија на Р. Македонија

Доставната служба ја испорачува секоја пратка во рок од 2 до 7 работни дена, до секоја адреса и населено место.

Пратките се доставуваат до првата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во недела и празниците ,доставната служба не испорачува.

Други информации околу испораката

Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Сите пратки се обезбедени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При преземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за преземањето.

Производите  доколку се купени со монтажа од Еко Вент, испораката на уредот ја прави монтерската екипа.

ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Гаранцијата на производите се наоѓа во Описот на производите. Во случај на некаков дефект, обратете се на телефонскиот број: 044 33 50 51, моб: 071 366 017 или писмено преку e-mail: info@ecovent.com.mk  или sales@ecovent.com.mk.

Можете да пратите барање и преку Формата за Рекламација на производ, која се наоѓа во долниот дел на нашата продавница.

НАДВОРЕШНИ УСЛУГИ

Услугите кои Ви ги овозможува Еко Вент Дооел интернет продавницата не ги вклучуваат трошоците што ги сносите користејќи ја компјутерската опрема и услугите за пристап на нашите страни. Еко Вент не е одговорен за трошоците за телефонот или било кои други трошоци кои може да настанат.

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Содржината наwww.ecovent.com.mk интернет продавницата е заштитена и Еко Вент Дооел го има еднинственото право за нејзино користење. За секое комерцијално користење на содржината од www.ecovent.com.mk мора предходно да добиете одобрение и да не контактирате на e-mail: info@ecovent.com.mk  или sales@ecovent.com.mk.

ДОСТАПНОСТ

Иако Еко Вент Дооел настојува да Ви ја даде најдобрата понудена услуга, Еко Вент Дооел не може да гарантира дека услугите на www.ecovent.com.mk ќе одговараат на Вашите потреби. Еко Вент Дооел исто така не може да гарантира дека услугите ќе бидат без грешки. Доколку дојде до такво нешто Ве молиме да се јавите на тел. број: 044 33 50 51, моб: 071 366 017 или писмено преку e-mail: info@ecovent.com.mk   или sales@ecovent.com.mk како истата би ја отстраниле во најбрз можен период. Пристапот до  www.ecovent.com.mk понекогаш може да биде недостапен поради работа и одржување на истиот или воведување на нови содржини.

ДРУГИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИ

www.ecovent.com.mk може да има вклучено врски (линкови) до други интернет страни. Содржините на тие страни се надвор од контролата на Еко Вент Дооел и затоа не сме одговорни за содржината на тие страни.

ОГЛАСУВАЊЕ

Делот на  www.ecovent.com.mk Еко Вент Дооел е одговорен за огласувањата во делот на маркетингот и за содржината која треба да биде во согласност со законските норми и правила. Еко Вент Дооел не е одговорен за било какви погрешки и неправилности во делот на документацијата од маркетинг кампањата.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Почитувани Потрошувачи,

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови за користење.

Користењето на нашата страница и услугите  на веб продажба на Еко Вент Дооел, значи дека сте запознaени со нашите Услови за користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите Услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

Oфицир за заштита на лични податоци:

Даниела Миљевска, тел. 044 33 50 51, е-маил:  info@ecovent.com.mk

Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на Еко Вент Дооел, која е детално опишана во делот насловен: “Упатство за купување” и “Испорака ”, потребно е Еко Вент Дооел да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса на живеење и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате на  Еко Вент Дооел  да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на Еко Вент Дооел, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Дополнително, Вашите лични податоци ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки, како и за нашите понуди и попусти. Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, како и воопшто, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите. 

Еко Вент Дооел ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени.

Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци. 

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме обратете се на info@ecovent.com.mk, sales@ecovent.com.mk или на +389 44 33 50 51, 071 366 017.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, Еко Вент Дооел да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови за користење.

Гаранции и одговорности

Еко Вент Дооел ја управува страницата www.ecovent.com.mk од своето седиште на ул. Илинденска бр.179, 1200 Тетово. Така, Еко Вент Дооел гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, Еко Вент Дооел не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

Доколку ја посетувате оваа веб-страница или ги користите нашите услуги надвор од територијата на Република Македонија, тоа го правите свесни за последиците и по сопствена волја. Со оглед на тоа, Вие самите одговарате за евентуалната повреда на важечките закони на државата од каде што пристапувате на веб страната или ги користите нејзините услуги.

Дополнително, Еко Вент Дооел не одговара за и целосно се оградува од содржината која ја има на веб-страниците до кои се стига преку линковите истакнати на нашата страница. Тие линкови водат до веб-страниците на самостојни правни субјекти, како што се добавувачите и партнерите на Еко Вент Дооел. Доколку ги користите овие линкови Вие ја напуштате нашата веб-страница. Еко Вент Дооел не ја контролира содржината и безбедноста на овие страници, ниту при објавување на линковите, ниту пак следи дали на истите настануваат некакви промени. Како резултат на тоа Еко Вент Дооел не одговара ниту е должен да дава изјави и информации за содржината на тие веб-страни, нивниот софтвер, производите и материјалите кои се наоѓаат таму, или пак за било каквите последици од нивното користење. Доколку се одлучите да користите било кој од линковите на нашата страна кои водат до други страни, тоа го правите на сопствен ризик.

Еко Вент Дооел нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб-сајт. Сепак, Еко Вент Дооел има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. Еко Вент Дооел не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.

Промена на Политиката за приватност и Условите за користење

Еко Вент Дооел го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите за користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови за користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија.

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на Еко Вент Дооел и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

Еко Вент Дооел ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

Политика за заштита на личните податоци на корисниците на картички

Еко Вент Дооел ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Еко Вент Дооел не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате . Ние користиме сигурносен сервер. Сите податоци за платежната картичка се трансмитираат преку Secure Socket Layer (SSL) технологија и потоа се енкриптираат во базата на податоци на провајдерот на платежниот систем (Payment Gateway Database). Пристап кон овие податоци имаа исклучиво авторизирани лица со специјални пристапни права кон системите и се обврзани да ја чуваат тајноста на податоците. Еко Вент Дооел согласно член 27 став 2 точка 8 и член 31 од Законот за заштита на лични податоци изјавува дека интернет страната www.ecovent.com.mk  е хостирана во ЕУ.  

Политика за заштита на доверливите податоци и информации

Еко Вент Дооел ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Еко Вент Дооел за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line плаќање.

Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички

Еко Вент Дооел ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

ИСПОРАКА, ПРАВО НА РЕКЛАМАЦИЈА И ПОВРАТ НА СРЕДСТВАТА

Политика и услови за испорака

Доставната служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 8-14h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е од 2 до 7 работни дена на цела територија на РМ. до секоја адреса и населено место.    

Пратките се доставуваат до првата врата (дворна врата од куќа, влезна врата од зграда) и важи за сите производи. Во недела и празниците доставната служба не испорачува.

Други информации околу испораката

Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштететни. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката и да сенаправи и  потпише записник.

Сите пратки се обезбедени од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.

Доколку прозводот е купен со вклучена монтажа од Еко Вент Дооел, испораката ја прават самите монтери. Монтажата  дополнително се наплатува  во зависност од капацитетот на уредот.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број: +389 44 33 50 51 или 071 366 017 или преку email: info@ecovent.com.mk 

Испорака на производ со недостатоци

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали постојат одредени недостатоци на доставениот производ.

Производот има недостатоци кога не ја исполнува општата обврска за безбедност утврдена подолу, односно не обезбедува онаква безбедност каква со право, врз основа на сите околности, лицето очекува да ја има, и тоа:

– врз основа на презентирање на производот;

– употребата за која е разумно дека производот ќе се користи;

– времето кога производот е пуштен во промет и

– кога не ја исполнува општата обврска за сообразеност утврдена во Законот за заштита на потрочувачи или договорните обврски.

Безбеден производ е секој производ кој во нормални или според разумно предвидливи услови на користење, вклучувајќи го и рокот на употребата, не претставува било каков ризик или ризикот е минимален и е соодветен на користа од употребата на производот и кој ги исполнува условите со кои се обезбедува висок степен на заштита на безбедноста и здравјето на луѓето, и тоа земајќи ги предвид:

– својствата на производот, вклучувајќи го неговиот состав, пакувањето, упатството за составување, употребување и одржување;

– дејството врз други производи каде што е логично дека ќе се користи заедно со други производи;

– презентацијата на производот, неговите ознаки, етикетирањето, упатствата за користење, фрлање и било какви други ознаки или информации дадени за производот и

– категориите на потрошувачи, особено децата и старите лица кои се изложени на ризик при користење на производот.

Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право по свој избор да бара:

– бесплатно отстранување на недостатоците на производот или надомест на трошоците направени за отстранување на недостатокот;

– сразмерно намалување на продажната цена;

– замена на производот со соодветен производ со иста трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот;

– замена на производот со соодветен производ со друга трговска марка, тип, индустриски дизајн или ознака за потекло и географска ознака на производот со соодветно намалување или зголемување на

производната цена и

– раскинување на договорот, враќање на платениот износ и надомест за претрпената штета.

Потрошувачот нема право да го раскине договорот ако недостатокот на производот е минимален.

Потрошувачот за да ги оствари правата наведени погоре е должен да приложи соодветна потврда. Еко Вент Дооел е должен да го прими производот со недостаток од потрошувачот и да ги задоволи неговите барања, освен ако не докаже дека недостатоците на производот настанале поради повреда на правилата за употреба и чување од страна на потрошувачот, трети лица или виша сила.

Потрошувачот има право да присуствува при проверката на квалитетот на производот.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во соодветното Барање.

Право на рекламација

А) Кога нарачаниот производ е купен од Е- продавницата на Еко Вент без монтажа од нашите  монтерски екипи (само со испорака), должни сте веднаш  по испораката да го прегледате  производот, со цел да утврдите дали истиот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара со нарачаното : -не задоволува во однос на капацитет, во однос на форма, големина, модел, боја, број или од други причини отстапува од нарачаното( и сето тоа по барање или мислење на купувачот).

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот +389 44 33 50 51 или 071 366 017 или преку email: info@ecovent.com.mk или Пополнете ја Формата “РЕКЛАМАЦИЈА” која се наоѓа во долните дел на нашата веб страна. и тоа во рок од 24часа  од моментот на доставувањето.

Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

Вие имате право за доставениот производ  да побарате замена во рок од 7 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства, пломби, фабрички етикети, не оштетен,  и сл. Транспортниот трошок за враќање на производите во овој случај е на трошок на Еко Вент Дооел. Можете да го вратите лично или преку доставните служби на РМ.

Ако Еко Вент Дооел нема ист ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. Еко Вент Дооел се обврзува да ве извести дали  има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

  • Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка и банката која ќе ја наведете во Формата “РЕКЛАМАЦИЈА”.

Б) Втор случај на недостаток и рекламација може да се јави во текот на експлоатација на уредот. Ако производот е купен   (без монтажа од страна на Еко Вент),  истата е направена од  инсталатерски служби ангажирани од  самиот купувач, и ако во текот на користење на уредот се појави  дефект во работењето, тогаш Еко Вент Дооел ќе прати своја сервисна  служба за да  процени  како резултат на што е настанат дефектот.

Ако е како последица  на  нестручна монтажа или несоодветно ракување со истиот  Еко Вент не ја признава гаранцијата соодветно и штетата. Доколку дефектот е последица на фабричка грешка,  во тој случај Еко Вент е должен да го замени уредот  со  ист таков производ. Купувачот   има право да побара да му се вратат парите или да  сочека производот да го замениме со соодветен, кога ќе има таков.

Еко Вент Дооел се обврзува да го извести купувачот, дали  има таков производ за продажба, во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

В) Исто така во случај ако монтажата на уредот е направена од инсталатерски екипи на Еко Вент Дооел, а во периодот на важност на гаранцијата од 36 месеци се констатира  дефект во работата на уредот   како  последица на  фабричка грешка или други неправилности,  Еко Вент Дооел е должен да го отстрани дефектот или да го замени уредот  со  ист таков.

Доколку производот треба да се врати, Еко Вент Дооел се обврзува да Ве извести дали  има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето или да Ви ги врати парите. Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат префрлени  на сметката  и банка која ќе ја наведете во Формата “РЕКЛАМАЦИЈА” или наведена во соодветно барање.Oфицир за заштита на лични податоци: 

Даниела Миљевска, тел. 044 33 50 51, е-маил: info@ecovent.com.mk

mk_MKMacedonian